Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.

Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Полициска акција во Штип: пронајдени автоматски пушки, приведени тројца млади е превземен од МАКФАКС.