СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(54) од с.Боговиње, тетовско.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Пријавениот измамил 45-годишник за 2000 евра, ветувајќи му документи за престој и работа во странска држава. Откако оштетениот преку посредник ги предал парите на пријавениот, а документите не биле обезбедени, сфатил дека бил измамен.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.