Торба со марихуана е пронајдена во автобус паркиран во гаража во затворот Идризово.
Според информациите на МВР, денеска околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 17.08.2025 околу 21:00 часот била извршена контрола и претрес во надворешното отворено одделение и објектите во дворот на установата, при што во стар автобус паркиран во гаражата била пронајдена една торба во која имало марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово е превземен од МАКФАКС.