Ким Мехмети

Република Северна Македонија е сочинета од нејасноттии. На пример, и ден денес не се знае точниот процент на Албанците и нејасно е дали се толку колку што велат за себе тие самите – некаде над 40 проценти – или колку што изгледаат според политичката моќ – дури и помалку од Ромите?!

Исто како што е нејасно, на пример, дали оние што денес се нарекуваат Македонци, а кои „изводот од матичната книга на родените“ го менуваат сезонски, се потомци на јужните Словени или внуци на Александар Велики и неговите војници кои го освоиле Вавилон.

Северна Македонија е земја каде што граѓаните од различни етникуми се лажат меѓу себе, така да Албанците, при јавни настапи и од собраниската говорница, велат дека ја сакаат оваа земја и Македонците во неа, но во „одаите на јунаците“ и во песните што ги пеат со двожични ќифтелии велат дека не можеш да ја сакаш државата што на секои четири години те враќа таму каде што си бил пред четириесет години и тие за кои си добар само мртов!?

Во меѓувреме, оние кои денес се нарекуваат Македонци, јавно и колку да ги залажат другите, велат дека сакаат да изградат држава во која ќе бидат еднакви сите што живеат во неа, но откако ќе го испијат третото пиво и во затворени „интелектуални“ разговори, велат: Чуму ти е државата што мора да се сподели со Албанци кои одбиваат да останат она што им треба на Македонците: дрвосекачи, овчари и градинари!?

Македонија е исто така земја на чудата каде што најчудно е однесувањето на албанските политичари кои се или идиоти кои не разбираат, или се кукавици кои се плашат да кажат дека македонските елити се претежно составени од србизирани Бугари и православни Албанци. И кои, за да ја сокријат својата вистинска етничка припадност, се покриваат со жестока омраза кон Бугарите и Албанците.

Како татковина на нејаснотии, лаги и чуда, Република Северна Макесдонија ни најмлаку не наликува на држава. И како таква, веројатно таа тешко дека некогаш ќе може да стане вистинска држава каде што никој нема да има потреба ниту да се самозалажува ниту да ги лаже тие со кои живее.