Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Сер Џон Соерс, предупреди дека мировниот договор постигнат денес во Алјаска веројатно би претставувал лоша вест за Украина, пишува Скај Њуз.

Во разговорот, тој го разјасни својот став. „Не очекувам од овој состанок да произлезе јасен мировен план. Ако го има, тоа е многу лоша вест за Украина, бидејќи ако Путин успее да го заклучи претседателот Трамп во позиција што е блиска до рускиот концепт за завршување на војната, Украина во суштина би можела да биде потчинета на контролата на Кремљ“, рече тој.

Соерс верува дека луѓето со право се скептични кон рускиот претседател Владимир Путин, но истакнува дека денешната средба во Алјаска сè уште нуди одредена „можност“.

„Секој обид за завршување на војната, мислам, е добредојден и тука има можност. Колку и да сум скептичен кон Путин, постои можност да се започне процес што би можел да доведе до крај на овој конфликт“, заклучи поранешниот шеф на МИ6.

Текстот Поранешен шеф на МИ6: Ако има денеска мировен договор, тоа е многу лоша вест за Украина е превземен од МАКФАКС.