Необичен и исклучително редок медицински случај е регистриран во Пакистан, каде што хирурзи од стомакот на десетгодишно момче отстраниле формација во која биле пронајдени делумно развиени коски, заби, коса и нокти. Детето било хоспитализирано поради болки во стомакот, покачена температура и ненамерно губење на телесната тежина.
Медицинските испитувања откриле формација во горниот лев дел од стомакот, со димензии од околу 8,5 на 10,4 на 11,1 сантиметри. Во неа биле забележани масно ткиво, структури слични на заби и неразвиени коски на екстремитетите. За време на операцијата, лекарите пронашле и делови што наликувале на ’рбет.
Првичните сомнежи упатувале на исклучително ретка вродена состојба позната како „fetus i fetu“, при која неразвиен близнак останува во телото на другиот близнак за време на ембрионалниот развој. Станува збор за состојба што се јавува кај приближно едно од 500.000 живородени деца.
Сепак, лекарите не можеле со целосна сигурност да ја потврдат дијагнозата, бидејќи отстранетото ткиво не било соодветно зачувано за микроскопска анализа. Како друга можна причина бил разгледуван тератом – редок вид тумор кој може да содржи различни ткива, вклучително и коски, заби и коса.
Операцијата поминала без компликации, а момчето било пуштено од болница по 11 дена. На контролниот преглед, околу десет недели подоцна, детето се чувствувало добро и немало никакви симптоми.
Лекарите препорачале редовни ултразвучни прегледи и крвни анализи во следните пет години, поради ризикот од повторна појава на промената или нејзин малиген развој.
Медицинскиот случај е објавен во списанието „Case Repo ts i Pediat ics“.






















