Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кеjти Пери, мораше драстично да ослабе за својата нова улога во филмот „The Cut“, а јавно проговори за процесот.

Ѕвездата од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ ослабе точно 14 килограми и признава дека самиот е изненаден од она низ што поминал.

Во филмот, тој игра поранешен боксер кој се обидува да се врати во рингот, па затоа е јасно зошто морал да го прилагоди својот изглед на новата улога.

„Она што не го очекував беше психолошкиот данок што го зема оваа дисциплина. Се чувствував параноично и вознемирено, што дополнително беше влошено од недостатокот на сон, а не можете да спиете кога сте гладни“, призна Блум.

Тој не бил сам во овој процес, туку бил под надзор на нутриционист три месеци. Редовно му правеле проверка на крвната слика за да се осигура дека e добро и дека неговото здравје не е во опасност.

Неговата исхрана била строго контролирана, а кон крајот на снимањето морал да го ограничи внесувањето вода за да постигне најниска можна тежина за последните сцени, пишува Индекс.хр.

„Почнав опсесивно да размислувам за храна и да сонувам што ќе јадам кога ќе ја завршам диетата со туна и краставица“, отворено рече актерот.

По завршувањето на снимањето, тој постепено се врати на својот стар начин на живот, полека враќајќи ги вообичаените навики во исхраната и чувството за рамнотежа.

фото: принтскрин

Текстот Ослабе 14 килограми и призна дека било пеколно: „Сонував храна“ е превземен од МАКФАКС.