Албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“ објави видео од акција за уривање на дивоградби, со порака дека продолжува битката против бесправната градба која, како што рече, ги загрозува и нагрдува заедничките простори.
„По секоја цена ќе го напишеме последното поглавје од борбата со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи“, порача Рама, посакувајќи им на граѓаните успешна недела.
Текстот (Видео) Рама покажа како во Албанија се уриваат дивоградби посакувајќи успешна недела е превземен од МАКФАКС.