Во сообраќајна несреќа што се случила на 3 август околу 18:40 часот во село Бардовци, тешко е повреден 26-годишен мотоциклист од Скопје.
До несреќата дошло на крстосницата меѓу ул. „2“ и сервисна улица, кога се судриле патничко возило „Нисан Кашкаи“, управувано од 36-годишен државјанин на САД со престој во Скопје, и мотоцикл „БМВ“.
Повредениот е пренесен во приватна болница, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
Текстот Тешко повреден мотоциклист во Бардовци по судир со возило управувано од државјанин на САД е превземен од МАКФАКС.