Ен Хатавеј откри дека морала да се откаже од гостување во популарната интернет-емисија „Hot Ones“ откако лекарот ја предупредил дека екстремно лутата храна би можела да предизвика предвремено породување.
Актерката, која со сопругот Адам Шулман го очекува третото дете, требало да учествува во емисијата како дел од промоцијата на новиот филм „Verity“.
„Мислев дека ќе можам да го поминам целиот предизвик, но потоа забременив и лекарот ми рече дека не смеам“, изјави Хатавеј во подкастот „Talk of the Towns“.
„Hot Ones“ е американска интернет-емисија во која водителот Шон Еванс разговара со познати личности додека заедно јадат пилешки крилца со сè полути сосови.
Хатавеј откри и дека токму таа предложила „Hot Ones“ да се појави како дел од приказната во филмот „Verity“, кој во кината пристигнува на 2 октомври.
Филмот е снимен според истоимениот роман на Колин Хувер, а покрај Хатавеј во него играат Дакота Џонсон и Џош Хартнет.
Хатавеј и Шулман веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Актерката ја објави третата бременост во јуни.
Текстот Ен Хатавеј сакала да јаде екстремно луто пред камера, лекарот ѝ рекол – никако е превземен од МАКФАКС.























