Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон, и американскиот актер Џастин Лонг ја раскинале свршувачката по три години врска.
Веста ја сподели самата Парис на социјалната мрежа „Икс“, каде напиша: „Ова се солзи на раскин. Повторно сите се провлекувате“.
Инаку, пејачката во декември преку Инстаграм ја објави свршувачката со Лонг, но објавата подоцна беше избришана. Во јуни, во интервју за „Аксес Холивуд“ изјави дека подготовките за свадбата се во полн ек.
„Фустанот е во изработка, местото е избрано, а датумот го одреди астролог – затоа што сум од Лос Анџелес“, рече таа.
Да потсетиме, Парис пред неколку дена беше снимена како расплакана шета сама низ улиците на Малибу.
Исто така, минатиот месец беше критикувана бидејќи настапила на концерт закажан токму на денот на годишнината од смртта на нејзиниот татко. Во обраќање на социјалните мрежи објасни дека таа нема влијание врз распоредот на турнејата, бидејќи не е главна изведувачка.
„Тоа што настапувам на тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми кажува како да тагувам“, порача таа тогаш.
Текстот Ќерката на Мајкл Џексон откри дека ја раскинала свршувачката со познатиот актер: „Ова се солзи на раскин“ е превземен од МАКФАКС.