Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади лева како финансиска помош за семејствата погодени од неодамнешните пожари, соопшти министерот за труд и социјална политика, Борислав Гуцанов, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Досега граѓаните можеа да аплицираат за 1.914 лева. Сега доделуваме дополнителни 3.000 лева по семејство. Исто така, може да се побараат уште 2.500 лева за набавка на техника уништена во пожарите. Вкупната сума што едно домаќинство може да ја добие достигнува 7.500 лева,“ изјави Гуцанов.

Министерот прецизираше дека за да се добие помошта, оштетеното живеалиште мора да биде единствен дом на семејството, а објектите да бидат легални – не се однесува на викендички или втори и трети недвижности.

Предлогот е подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а одлуката веќе е усвоена од Владата.

„Граѓаните веднаш може да аплицираат за средствата во локалните канцеларии на министерството во погодените региони,“ додаде Гуцанов.