Естонскиот европратеник Јак Медисон го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир.

–Доналд Трамп стана првиот претседател на САД во последните 30 години, во кои земјата која ја предводеше не започна ниту една војна. Покрај тоа, под негово раководство беа склучени неколку мировни договори на Блискиот исток, кои помогнаа да се постигне стабилност и мир во регионот, напиша Медисон на својот фејсбук-профил.

Сепак, Трамп се наоѓа на удар на американската јавност поради неговиот говор пред упадот на неговите приврзаници во Капитол хил. Се очекува и постапка за ова, а можно е да му бидат укинати неколку привилегии кои ги има како поранешен претседател на САД.