Градот Банско и ова лето ќе ја носи титулата светска престолнина на џезот. Од 1 до 10 август 2025 година, градот ќе биде домаќин на најголемото издание на реномираниот Банско Џез Фестивал досега – десет фестивалски денови, три сцени и десетици светски и бугарски џез ѕвезди, пренесува Трибуна.

Годинашниот фестивал се проширува со три главни сцени, меѓу кои и нова дневна сцена во градскиот парк. Таму публиката ќе има уникатна можност да се сретне со музичарите и да ужива во нивните изведби во поопуштена атмосфера. Меѓу најавените изведувачи се џез величини од САД, Јапонија, Канада, Франција, Шведска, како и врвни бугарски музичари со меѓународна кариера.

Банско Џез Фестивал останува отворена платформа за култури и музички стилови, обединувајќи класичен џез со фанк, свинг, етно, соул и слободни импровизации. Програмата ова лето ќе вклучува вечерни концерти на Големата сцена, дневни настани, средби со артисти, нови фестивалски локации и џем сеш’ни кои ќе траат до полноќ. Така фестивалот се претвора во уникатно искуство за љубителите на музиката, туристите и самите музичари.

Официјалното отворање на фестивалот ќе биде доверено на Христо Јоцов, кој ќе го претстави својот најнов проект со Биг Бенд составен од врвни музичари, добро познати и сакани од бугарската публика.

Меѓу најочекуваните гости се и добитниците на „Греми“ – визионерот пијанист Џон Бисли и Кетрин Расел, кои ќе ја воодушеват публиката на Банско Џез Фестивал 2025.