Нивната врска беше во криза со месеци. Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум раскинаа по десет години.

„Кејти и Орландо повеќе не се заедно, но остануваат во пријателски односи“, изјави добро информиран извор за Us Weekly.

Според изворот, разделбата на 40-годишната Пери и Блум се очекуваше долго време бидејќи работите меѓу нив биле „затегнати со месеци“.

Парот, кој ја има четиригодишна ќерка Дејзи, наводно е разделен откако Кејти ја започнала својата турнеја Lifetimes. Изворот открил дека откако почнала да оди на турнејата, таа и Орландо живеат одвоено.

Врската на Кејти и Орландо стана позната во јануари 2016 година откако беа видени заедно на повеќе забави по Златните глобуси. Парот се раздели накратко во март 2017 година, но повторно се заедно од февруари 2018 година.

Пери и Блум се верија на Денот на вљубените во февруари 2019 година, а една година подоцна, во март 2020 година, таа објави дека е бремена и го очекува своето прво дете. Дејзи се роди во август истата година.

Веста за разделбата на Пери и Блум доаѓа по извештаите за криза во нивната врска.

„Тие поминуваат сè повеќе време разделени“, изјави извор ексклузивно за Us Weekly претходно овој јуни. „Се преселија и повеќе не живеат исти животи“, прецизираше тој.

Беа верени шест години, но не планираа свадба

Според друг извор, блискиот круг на поранешната двојка бил добро запознаен со тешкиот период во врската. „Веќе некое време се молчеше дека имаат проблеми. Сите околу нив го знаат тоа“, додаде друг извор.

И покрај тоа што беа верени шест години, друг извор откри дека Пери и Блум „никогаш не закажале датум за свадба ниту ја планирале“.

Во текот на годините во центарот на вниманието, двојката отворено зборуваше за своите подеми и падови, а Пери сподели на Инстаграм во април 2023 година дека „постојано работат напорно“ за да ја одржат својата врска.

Текстот По десет години врска, раскинаа Кејти Пери и Орландо Блум е превземен од МАКФАКС.