Американскиот актер Бред Пит се потсети на својата прва посета на aнонимните алкохоличари по разводот од Анџелина Џоли. Овој период од неговиот живот беше исклучително бурен за него и тој одлучи да побара помош од експерт.
„Бев на колена. Требаше да се освестам за некои работи. Пробав сè и сешто, сè што луѓето ми нудеа. Беше тежок период. Ми требаше рестарт“, рече тој
Ги посетувал состаноците на анонимните алкохоличари година и пол, откако раскинал со Анџелина Џоли во 2016 година. Изјави дека на почетокот се чувствувал исплашен кога дошол негов ред да зборува за алкохолизмот, но бил охрабрен од фактот што другите отворено зборувале за својот проблем.
„Тоа те охрабрува да кажеш: ‘Добро, ќе излезам од зоната на удобност и ќе видам што ќе се случи’, а потоа навистина ми се допадна“, рече тој, додавајќи дека пораснал во средина каде што мажите инсистирале дека нивните животи се одлични.
„Беше неверојатно. Мажите ги споделуваа своите искуства, зборуваа за своите недостатоци, погрешни потези, желби и што ги повредува со многу хумор“, рече тој.
Алкохолизмот одигра голема улога во неговиот развод од Анџелина Џоли. Таа тврдеше дека тој физички ја нападнал неа и нивните деца во авионот додека бил под дејство на алкохол. Тие официјално се разведоа во 2019 година, а тој моментално е во врска со Инес де Рамон.
Текстот Бред Пит призна дека по разводот со Анџелина Џоли се одвикнувал од алкохол: Бев на колена е превземен од МАКФАКС.