Иранските државни медиуми објавија дека цел на ракетниот напад утринава не била болницата Сорока во Бершева, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.

Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија (IDF C4i) и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк Гав-Јам Негев, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот Бен Гурион.

„Воената инфраструктура беше директна и прецизна мета, а болницата беше само изложена на ударниот бран“, се наведува во извештајот.

Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека болницата Сорока била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата се наоѓа во градот Бершева и обезбедува здравствена заштита на припадниците на сите заедници – Евреи, муслимани, христијани и арапски бедуини, објави Министерството.

Израел рече дека ќе продолжи да дејствува за да го заштити сиот свој народ, од сите сфери на животот.

Нападот на болницата е дел од поширокиот ирански ракетен напад на израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население во моментот на нападот се наоѓало во реонот на болницата. Во нападот се ранети десетици луѓе.

Текстот (Видео) Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база е превземен од МАКФАКС.