Поранешниот британски премиер, Тони Блер, ја повика британската влада да биде лидер во креирање на документ за идентификација во кој се евидентира дали некој примил вакцина против Ковид-19, тврдејќи дека таков пасош е неизбежен.
Институтот Тони Блер (ТБИ) во неодамна објавениот извештај изјави дека Велика Британија треба да ја искористи својата позиција како лидер во Г7 со цел создавањето на меѓународен „ковид пасош“ да стане приоритет на агендата на групата.
– Advertisement –
Пасошот би користел „кју-ар“ кодови за пристап и проверка на деталите за вакцинацијата, како и резултатите од тестовите за вирусот.
„Воспоставувањето консензус меѓу земјите од Г7 ќе биде првиот чекор кон глобалното усвојување на ваков личен документ“, рече тој.