Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива.

Се работи за 19-годишно момче со иницијали М.А., а според информациите од полицијата, телото било најдено на 19 мај во 12.05 часот.

„Лекарот констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информираа од СВР Струмица за „Макфакс“.

Извршен е увид, а телото е дадено на обдукција.

Текстот Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција е превземен од МАКФАКС.