Шведската полиција објави дека привела осомничено лице по пукањето во кое загинаа три лица во градот Упсала во вторникот.
Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица кои се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полицајци за новинарите.
Пукањето се случило во фризерски салон во Упсала, додадоа тие.
Полицијата соопшти дека инцидентот се смета за „изолиран“ и не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ што се очекуваат во Упсала во среда.
Текстот Шведската полиција уапси осомничен за пукањето во кое загинаа три лица е превземен од МАКФАКС.