Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ ги извести официјалните претставници на Европската Унија дека ќе ги намали количините на својата вакцина против коронавирусот за 60 проценти во првиот квартал од годинава поради проблеми со производството, изјавил за Ројтерс неименуван висок функционер вклучен во разговорите за испорака.
Како што изјавил за Ројтерс, компанијата се очекуваше да достави околу 80 милиони дози вакцина до земјите-членки на ЕУ до крајот на март, но ќе бидат испорачани само 31 милион. Од таму додале дека договорената количина од 80 милиони дози ќе почне да се испорачува од вториот квартал на годинава.
– Advertisement –
– Почетните количини ќе бидат помали од првично предвидените заради намалените приноси на местото на производство во рамките на нашиот европски синџир на снабдување – рекол портпаролот на компанијата, одбивајќи да даде детали.
Минатата недела соопштение дека ќе ја ограничи испораката на вакцини за Европа испрати и американскиот фармацевтски гигант, Фајзер.