Фридрих Мерц, кој најверојатно ќе биде новиот германски канцелар, во средата изјави дека е за трговија без царини меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија.

Оцени дека паузата од 90 дена што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп во однос на царинските давачки е доказ дека обединетиот европски пристап има позитивен ефект.

„Европејците се решени да се бранат и овој пример покажува дека единството најмногу помага“, рече Мерц во интервју за ТВ мрежата RTL Direkt откако неговиот конзервативен блок склучи коалициски договор со социјалдемократите, пренесува Ројтерс.

Мерц повика сите да прифатат целосно укинување на царините за трансатлантската трговија и оцени дека со тоа ќе се реши проблемот, пренесува Танјуг.

Текстот Германија: Фридрих Мерц повика на трговија без царини меѓу Америка и ЕУ е превземен од МАКФАКС.