Секоја земја што ќе им помогне на Соединетите Американски Држави во евентуални нови напади врз Иран ќе се третира како „легитимна цел“, рече Сардар Билали, висок советник во Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Тој додаде дека Иран произвел оружје способно да ги погоди израелските и американските воени објекти, објавија светските медиуми.

„Нашите ракетни бази имаат доволен дострел за да ги таргетираат ционистичкиот режим и американските бази, користејќи оружје произведено дома“, рече Билали, кој е главен советник на командантот на воздухопловните сили на ИРГЦ.

Билали додаде дека иранските ракети претходно погодиле израелски воени цели во израелските градови Негев и Димона и дека „непријателските системи не се во можност да ги пресретнат“, пренесува Танјуг.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.