Уште еден час до полноќ, а цревата ви кркорат. Пред да изедете цела чоколада или еден голем сендвич решете се за поздрава варијанта, а притоа ќе имате спремен појадок за утрешниот ден.

Мафини со белки од јајца

Потребни состојки:

  • 6 белки од јајца
  • 200 грама брокула
  • 100 грама црвена пиперка
  • 200 грама кисели краставички
  • 200 грама карфиол
  • 100 грама праз
  • црн пипер
  • сол
  • маслоПодготовка:

Брокулата, карфиолот и црвената пиперка обарете ги во вода.

Понатаму, може да ги ставите во тава на жежок оган, на една лажица путер, заедно со празот.

Белките може да ги изматите со мискер но не морате. Полека ќе ги сипете во калапите за мафини заедно со останатиот зеленчук.

Додадете сол и малку црн пипер по желба.

Печете на 200 степени, 20 минути.