Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се сретнал со 19-годишниот Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност.

Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот.

„Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи“, рече Мицкоски.

Тој ја сподели информацијата дека на момчето ќе му биде доделена стипендија како знак на признание за неговата храброст и човечност.

„Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот“, рече Мицкоски.

Мицкоски додава дека Јован е светла точка во деновите на темнина, а неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија.