Во ВМА во Варна, Бугарија, во моментот се лекуваат две момчиња и едно девојче повредени кобната ноќ на 16 март на концертот на бендот ДНК, јавува Радио Кочани.
„Сите тројца се надвор од животна опасност, во добра здравствена состојба“, информира родител на едно од децата. Според неговото кажување медицинскиот персонал во болницата кон децата од Кочани, се однесувал максимално професионално, лекувани се со современи методи, а грижата и негата кон нив е врвна.
Д-р Столе Зафиров, кој работи повеќе 20 години во Бугарија секојдневно е прирака на родителите. Студенти од РС Македонија секојдневно се во болницата во Варна.
Амбасадорката на РС Македонија во Бугарија Агнеса Руси подари икона на храмот „Св. великомаченик Георги“ во Кочани. Иконата на Св. Јоан Рилски е дело на познатиот бугарски уметник Илија Лелов.
Дечиња од детска градинка во Варна, на своите врсници од детската градинка „Павлина Велјанова“ им испратија своја ракотворба со желби за подобро утре.