Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека ако земјата треба да избере, Минск секогаш ќе биде на страната на Русија и никогаш нема да ја остави сама.

„Ако треба да избереме, секогаш ќе бидеме на страната на нашата Русија. Не може поинаку. Белорусија никогаш нема да ја остави Русија сама“, рече Лукашенко во обраќањето пред Советот на Федерацијата, пленарна седница на Горниот дом на рускиот парламент, пренесува РИА Новости.

Белорускиот лидер додаде дека се сеќава на неговиот разговор за проширувањето на НАТО со тогашниот руски претседател Борис Елцин кога, како што наведе, и двајцата лидери биле „многу огорчени“, но не можеле ништо да направат и нагласи дека сега, по прашањето за проширување на НАТО, „никој нема да ги измами Русија и Белорусија“.

Текстот Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија е превземен од МАКФАКС.