Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина.

Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.

Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли и разговараа за билатералните односи, соработката во производството на дронови, како и за учеството на турските компании во обновата на Украина.

„Важно е турските компании да имаат поголемо присуство во Украина. Нашата земја го цени ова, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар“, рече Зеленски.

Текстот Зеленски: Турција ја гледаме како партнер во безбедносните гаранции за Украина е превземен од МАКФАКС.