Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи.
Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје.
Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.