Во 2018 година, ЕУ започна долгорочен план за поширока употреба на еврото во глобалната економија со цел подобро да ги заштити граѓаните и компаниите од надворешни шокови, правејќи ги меѓународните финансии и монетарниот систем поотпорни. Унијата напредува со детален план, обидувајќи се да го заштити блокот од потенцијални шокови во валутата со намалување на доминацијата на американскиот долар, пишува Блумберг.
Стратегијата, претставена во нацрт-предлогот, се потпира на зајакнување на меѓународната улога на еврото, истовремено намалувајќи го потпирањето врз американскиот долар. Овој потег се смета за потенцијален корисен за ублажување на влијанието на финансиските ризици, вклучително и намалување на ранливоста на европскиот блок кон американските санкции.
– Advertisement –
„Екстериторијалната примена на еднострани санкции кон трети земји сериозно влијаеше на можноста на ЕУ и нејзините земји-членки да ги унапредуваат целите на надворешната политика, да ги почитуваат меѓународните договори и да управуваат со билатералните односи со санкционираните земји“, се вели во документот.
Планот, кој поттикнува „отвореност, сила и издржливост“, претходно беше објавен од „Фајненшл тајмс“ и вклучува мерки што овозможуваат поголема контрола на странските потези.
Документот, кој Европската комисија треба да го усвои на 19 јануари, пред инаугурацијата на избраниот американски претседател eо Бајден, не е конечен и веројатно ќе биде проширен.