Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалните мрежи Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.
„Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената.
Живата е тежок метал чии соединенија внесувани во организмот можат да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам можат таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и пореметување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза“, потсетува Чибишев.
Предупредува дека се особено опасни кај малите деца и трудниците.
Ги повика македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност.