195 наставници од 80 училишта ја завршија бесплатната AI обука на B ai ste Next College, реализирана со поддршка на Министерството за образование и наука, а следниот чекор е натпревар за средношколски бизнис идеи со инвестиција од милион денари.

По девет месеци интензивна работа, 195 наставници од 80 средни училишта од цела Македонија ја завршија програмата „AI at School“, организирана од B ai ste Next College со поддршка на Министерството за образование и наука. Во рамки на програмата беа организирани 153 курсеви за практична примена на вештачката интелигенција во наставата, со повеќе од 8.100 посети и 6.892 освоени сертификати.

На свечениот настан во новиот технолошки кампус на B ai ste Next College, во присуство на министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и основачот на B ai ste групацијата, Петар Ниновски, беа доделени признанија на 100 најуспешни наставници и 10 училишта.

 

Програмата за обука опфати наставници од 28 градови и сите осум плански региони, а 93% од учесниците освоија најмалку еден сертификат. Но, како што покажаа и разговорите со наставниците, вистинската вредност на програмата не е во бројот на сертификати, туку во промените што новите знаења ги носат во училниците.

„Буквално секој професор и професорка ни објаснуваше колку курсевите им помогнале да го подобрат начинот на предавање, да ги направат часовите поинтересни и да бидат поефикасни во административното работење, а најважното – да имаат повеќе време да им се посветат на учениците“, вели Петар Ниновски, основач на B ai ste групацијата.

Наставниците посочуваат дека AI може значително да помогне во подготовката на материјали, персонализираното учење и интерактивната настава, но дека емпатијата, човечкиот контакт, мотивацијата и менторството се нешто што технологијата не може да го замени. Токму тука се отвора и најважното прашање: може ли вештачката интелигенција да им помогне на наставниците уште подобро да ја развиваат вистинската интелигенција, креативноста и потенцијалот на своите ученици?

„На наставниците им е потребно знаење со кое ќе ја унапредат сопствената работа и ќе ги водат учениците низ можностите и предизвиците што ги отвора вештачката интелигенција. Благодарност до тимот од B ai ste Next College, што ги научи како да ја употребуваат за да бидат покреативни и да внесат новини во наставата. За наставниците е важно стекнатото знаење да го споделуваат со колегите, но и да продолжат да го надградуваат“, потенцираше министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Како дел од својата општествено одговорна мисија, B ai ste Next College ги реализираше AI обуките целосно бесплатно за наставниците, со цел современите технологии и знаења да станат подостапни во образованието.

Но, вложувањето во поквалитетно образование не завршува со обуката на наставниците. Следниот чекор е создавање можности за учениците своите знаења, креативност и идеи да ги претворат во нешто конкретно.

Токму затоа, на настанот беше најавено и новото издание на „Натпревар за бизнис идеи на средношколци“, проектот кој минатата година беше познат како „Средношколец милионер“.

Додека преку AI обуките наставниците добиваат нови алатки за поттикнување на креативноста и критичкото размислување, преку натпреварот средношколците добиваат можност да ги направат првите чекори во светот на претприемништвото и сопствените идеи да ги развијат во реални бизнис-проекти.

Најдобриот средношколски тим ќе добие инвестиција во вредност од еден милион денари за развој на својата бизнис-идеја.

Со двата проекти, B ai ste Next College ја продолжува својата мисија да вложува во образование кое не завршува со стекнување знаење, туку поттикнува негова практична примена, од наставниците кои ги подготвуваат новите генерации, до младите кои имаат идеи да создаваат нови вредности.

Пријавувањето за натпреварот за најдобри бизнис идеи е отворено на milio e .mk.

 

ПР

Текстот Со AI до поквалитетно образование: Може ли вештачката интелигенција да ја развие вистинската? е превземен од МАКФАКС.