Филипче постојано повторува дека подобра преговарачка рамка немало. Но токму таа преговарачка рамка е она што ја држи државата заглавена пред вратата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Филипче препишува од тетратката на Румен Радев и на Петрова Чамова и ја повторува тезата дека бугарското барање е европска позиција а не билатерален спор.
Потоа се жали по јавни настапи дека некој му го урнал угледот, никој не му го урнал ниту нему ниту на СДС, освен тие самите преку стабри здравство и марихуана економија.
Па сега после сите капитулантски договори, Филипче најавува и нов мастер план.
Мастер планот на Филипче е да дојде на власт по секоја цена, да им го исполни барањето на Бугарија со впишување Бугари во Уставот и да го заврши она што го почна Заев.
Значи мастер планот кој го најавува вклучува нова отстапка на штета на националните интереси. А секако Филипче, како другар на Радев, сега молчи за моштите на Цар Самуил, и се обидува да ја префрли топката на историчарите“, се додава во партиското соопштение.













