Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. По целосно  документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

-На 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од  Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.