Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа дека починатото лице било вакцинирано со две дози на вакцина против Ковид-19, последната пред повеќе од три години.

Кај лицето се регистрирани коморбидитети, а е починато во болнички услови.

Инаку според последниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 20 до 26 јануари, тестирани се вкупно 341 материјали за Ковид, за 20,5 проценти повеќе во однос на минатата недела.

Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела. Позитивното лице во тековната недела е од Струга.

Од почетокот на годината регистрирани се вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во месец јануари 2025 година е за 2,3 пати поголем во однос на
декември.