Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Трамп во Капитол.
Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx
— ce n’est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Цукерберг, кој седеше до неа, со својот аутфит, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед залута кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Цукерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Цук“, „Можеби Цукерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И на човекот зад нив погледна“, се само дел од коментарите на Икс.
Текстот (Фото) Очите на Марк Цукерберг залутаа додека седеше до свршеницата на Безос во Капитол е превземен од МАКФАКС.