Аманда Сејфрид уште еднаш докажа дека вистинската убавина лежи во едноставноста. Таа се појави на еден настан во сосема обичен фустан и ги шармираше сите присутни со својот изглед.
Филмскиот фестивал во Венеција одамна започна, а познатите личности ќе имаат можност да ги покажат своите иновативни модни изданија до 12 септември, кога завршува настанот.
Убавата Аманда Сејфрид ја искористи и можноста да блесне на настанот на брендот Miu Miu, кој се одржува во рамките на фестивалот.
Актерката со својот аутфит докажа дека вистинската убавина лежи во едноставноста, а таа избра минималистички фустан без прерамки во боја на лаванда украсен со реси.
Креацијата од брендот Miu Miu ја истакна нејзината витка фигура, но и нејзиниот сензуален изглед.
Таа додаде црни високи потпетици на изданието, што му даде на овој нежен изглед секси шмек.
Таа ја стилизираше косата на наједноставен начин – ја пушти слободно да паѓа, а кога станува збор за шминка, избра нежни тонови со кои го постигна тој мек гламур изглед.
Текстот (Фото/Видео) Таа не мора да биде гола за да привлече внимание – само се појави и „ги фрли сите во транс“ е превземен од МАКФАКС.














