Кара Делевин никогаш не се срамела да открие повеќе отколку што некој сака да види, а сега во нејзината „тивка фаза“ таа сè уште е малку провокативна.

Кара Делевин сподели фотографија од себе како ја гушка својата мачка во нова објава на Инстаграм. Познатата манекенка позираше во кревет со нејзината мачка што ѝ ги покрива градите, а исто така беше без трага од шминка на лицето.

Таа сподели и голем број други фотографии во објавата, вклучувајќи ја и љубовната фотографија со својата партнерка Минке, со која е во врска од 2022 година.

Иако Кара е најпозната по својата успешна кариера како модел, таа неодамна се сврте кон музиката. Порано овој месец, таа се соблече за секси ново видео за нејзиниот сингл „Crazy, Baby“, што го означи почетокот на нејзиното музичко патување.

Во видеото, таа ја покажа својата рокерска страна во кожни чизми до колена и соодветни шорцеви, додека во неколку сцени повторно се појавува во топлес.

Кара поминала низ различни фази и проблеми во текот на својата кариера, борејќи се со зависност, доживувајќи нервен слом и бројни трансформации во својот изглед. Сега ја остави кариерата како модел настрана и сака да се прослави како пејачка.

Текстот Фотографијата со голи гради на позната манекенка предизвика „бум“ е превземен од МАКФАКС.