Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија процени дека 500 милиони лева годишно (околу 250 милиони евра) ќе бидат економските придобивки за бугарската економија од влезот на Бугарија во Шенген зоната, јавува БНР, пренесува Трибуна.

Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија (АИКБ) изрази надеж дека олеснувањето на граничната контрола веднаш ќе го почувствуваат не само транспортните компании, туку и бугарските граѓани:

„Дури и потсвесниот страв дека поминувате толку сериозна граница како онаа на Шенген зоната, претставуваше некаква пречка за нашата целосна интеграција во Европската унија и се надевам дека сега тоа ќе биде надминато“ – коментира Милена Ангелова од АИКБ.