Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако е измерена температурата.

Се очекува дека 2025 година ќе го собори рекордот од 2020 година.

Стакленичките гасови, кои првенствено доаѓаат од фосилни горива, продолжуваат да се таложат во атмосферата, загревајќи ја планетата.

Затоа научниците веќе се прилично сигурни дека и следната година веројатно ќе донесе високи дневни температури.

Текстот Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот е превземен од МАКФАКС.