Полицијата утрово се обиде повторно да ја претресе канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Џун Сук-јеол, како дел од кривичната истрага против него за воведување вонредна состојба минатата недела, еден ден откако беше спречен претходниот обид за претрес, соопштија официјални лица.

Националната истражна служба НОИ, која го води случајот, испрати инспектори во набавка на документи и материјал поврзани со воведувањето на воена состојба на 3 декември, објави Јонхап.

Севернокорејските државни медиуми вчера за првпат се огласија по повод настаните во Јужна Кореја во врска со прогласувањето на воена состојба и наведоа дека јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол е виновен за предизвикување хаос низ земјата.

„Шокантниот инцидент на марионетскиот режим на Џун Сук Јеол, одеднаш прогласи вонредна состојба и без двоумење мавташе со пушките и ножевите на неговата фашистичка диктатура, предизвикувајќи хаос низ Јужна Кореја“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА, пренесува Јонхап.

Текстот Полицијата повторно се обидела да ја претресе канцеларијата на јужнокорејскиот претседател е превземен од МАКФАКС.