Синоќа, Битола го означи почетокот на празничната сезона со свечено палење на новогодишните светилки, претворајќи го градот во вистинска зимска бајка. Од Широк Сокак и плоштадот Магнолија, до Офицерскиот дом, парковите кај Саат кулата и Старата чаршија – секој агол зрачи со празнична магија.

Оваа година, фестивалот „Зимска приказна“ започнува на 20 декември и ќе трае до 6 јануари, подолго од кога било досега. Преку внимателно креирана програма и празнично уредување на градот, „Зимска приказна“ прерасна во вистински туристички продукт кој ги привлекува не само битолчани и жителите на соседните општини, туку и бројни гости од соседна Грција и Албанија.

Секоја година, Битола за време на празниците станува центар на празничната магија на регионот – со живописна програма, музика, настани и светлосни инсталации што ја слават традицијата и модерниот дух на градот.

Општина Битола изразува искрена благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја создадат оваа блескава празнична бајка. Нивната посветеност и креативност ја оживуваат магијата на „Зимска приказна“ и ја прават Битола уште посјајна и поатрактивна за посетителите.

Целосната програма за фестивалот ќе биде објавена оваа недела, а Општина Битола ги повикува граѓаните и сите љубители на празничната магија да бидат дел од ова незаборавно доживување кое ќе ги раздвижи улиците, плоштадите и чаршијата.

Текстот (Фото) Битола блесна: Време е за „Зимска приказна“ е превземен од МАКФАКС.