Предлог законот за државјанство кој го доставија албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива во Собранието не наиде на позитивно мислење од надлежните институции. По ова прашање министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека од тој “политички памфлет” не може да сфати што сакаат предлагачите, кои не нудат трајно решение.
Министерството за внатрешни работи е против идејата државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, да можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ.
„Раководството на МВР има отворено процес, се разговара за тоа каде би требало да дојде до измени на Законот за државјанство за да им се овозможи на оние лица кои од сериозно објективни причини не можеле да добијат или пропуштиле некакви рокови во минатото, да можат да остварат право на државјанство на Р.С.Македонија, меѓутоа при тоа сепак да се заштитат националните и државните интереси“, е ставот на МВР