Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори.

– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера, истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.

Таа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи”.

Четри лица загинаа, а 52 се упасени откако приврзаниците на Трамп вчера упаднаа во Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на Бајден.

Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.