МВР соопшти за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле вчера, а во кои учесници биле деца на мопеди.
До првата дошло на крстосницата од улиците Страшо Ербапче и Кирил и Методиј во Кочани. Се судриле автомобил управуван од М.Ѓ.(33) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетник, двајцата од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Истиот ден, во кумановската полиција било пријавено дека на крстосницата од улиците Веселин Маслеша и 500 во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.В.(60) од Куманово и мопед управуван од малолетник од село Тромеѓа, кумановско.
И вториот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местата кадешто се случиле двете сообраќајни несреќи.