Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи.

Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и автобус кој бил во близина.

Возачот бил застрелан и неутрализиран, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се’ уште се истражуваат, но според информациите од полицијата се работи за намерен напад.

Израелската итна медицинска помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека била повикана на настан со масовни жртви и дека најмалку 35 лица се повредени.

На лице место лекуваат десетици лица, од кои најмалку четворица се со тешки повреди. Станицата се наоѓа на излезот од воената база во Рамат Ашарон, во централен Израел. Според снимките на израелската телевизија, голем број возила на брзата помош биле на местото на настанот, како и полициски персонал и најмалку еден хеликоптер.

Во минатото имало напади од Палестинци со автомобили или камиони во Израел.