Синоќа околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“, на кракот со ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје.

Во несреќата возилото „шкода” се превртело и се запалило а со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото „шкода“, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во  возилото „шкода“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.