Рамадан Рамадани

Иако веста од затворената седница на владата не е потполна за избор на новите членови на мешовитата македонско бугарска комисија сепак е јасно дека и во овој состав нема да има ниту еден член на комисијата од Македонија а да е етнички бугарин. За потсетување комисијата е основана за историски и образовни прашања на Р.С. Македонија и Р. Бугарија и во неа и во првиот состав и сега има еден албански член. Изборот на член со бугарска самосвест или етничка припадност од наша страна би бил врвен дипломатски потег кој со самиот избор би обезбедил преговарачки примат на Р.С. Македонија најмалку за две важни работи:
а) дека работата и преставителноста на комисијата се на државно-национално ниво. Се работи за прашања важни за цела земја.
б) Р.С. Македонија ги признава бугарите и кога се нејзини граѓани. До толку што ете ги избира за членови на државна комисија.
Подолу некои од можните причини зошто не е направен еден ваков избор:
1) Мал е бројот на декларирани бугари, граѓани на Р.С. Македонија и од тој мал број само малкумина се адекватни за историја или образование.
2) При изборот на новите членови преовладале некои сосема други пориви од политички или дипломатски.
3) Во актуелното државно водство нема политички или дипломатски сенс и умешност за таков потег.