Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди за антисемитизам по пожарот во синагогата Бет Јаков во населеното место Ла Гранд-Мот во близина на Монпеље на југот на земјата.

„Ќе направиме се што можеме за да го најдеме сторителот на овој терористички чин и да се заштитат местата за богослужба (во Франција). Борбата против антисемитизмот не запира и тоа е борба за единство на нацијата“, рече Макрон, пренесува дневниот весник „Фигаро“.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека пожарот е последица на „криминален чин“.