Францускиот претседател Емануел Макрон го предупреди својот нов ирански колега Масуд Пезешкијан во телефонски разговор во понеделникот против континуираната поддршка на Иран за руската војна во Украина, се вели во соопштението на Елисејската палата, јави Ројтерс.
Според Ројтерс, Макрон, исто така, му посочил на иранскиот претседател Пезешкијан дека неговата нација има улога да ја избегне ескалацијата на тензиите меѓу Либан и Израел со запирање на поддршката за дестабилизирачките играчи.
Иран, исто така, треба да престане со загрижувачката ескалација на својата нуклеарна програма и да се усогласи со меѓународните организации, подвлекува Макрон.
Конечно, ослободувањето на тројца француски заложници би било неопходно за да се подобрат француско-иранските односи.
Д. Т.